За 240 лица кои се во социјален ризик, денеска членови на мото клубот „Ноу лимит“ донираа храна. Хуманитарната акција се реализираше во соработка со отец Оливер, хуманитарната организација „Св. Спас“.

Сакаме да им го разубавиме и онака тешкото секојдневие на оние на кои им е потребна нашата помош. Се ближат новогодишните празници, па се надевам дека со овој наш гест ќе мотивираме и други наши граѓани да помагаат и да бидат хумани“, рече Дарко Гиговски, претседател на клубот.

Мото клубот „Ноу лимит“ постои речиси пет години и брои 15 членови. Во претходни хуманитарни акции, моторџиите делеа храна, средства за хигиена, пакетчиња и дрва за огрев на семејства од социјален ризик во општината Ѓорче Петров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.