Магазинот People го избра актерот Џон Красински за најсекси маж на светот за 2024 година.
Красински позираше за насловната страница на магазинот, а додека обожавателите го паметат како симпатичниот Џим Харпер од серијата „The Office“ и по улогите во франшизата во „A Quiet Place“ – тој беше претставен во малку поинакво светло.

Актерот во интервјуто признал дека кога првпат дознал дека ја освоил титулата имал „моментно затемнување со нула мисли“, освен дека некој можеби се шегува со него

 

„Не е како да се будам и да помислам: ‘Дали ова е денот кога ќе бидам прогласен за најсекси маж на светот’, но тоа беше денот кога Вие го направивте тоа“, изјавил Џон за People.

Сопругата на Красински, Емили Блант, била „многу возбудена“ поради титулата, па дури и претходно се пошегувала дека ќе ја користи насловната како нејзина позадина на телефонот доколку тој некогаш ја освои таа титула.
Тој додал: „На моите деца ќе им седопадне тоа, нема да биде воопшто чудно“, мислејќи на ќерките Хејзел (10) и Виолет (8).

Веста дека тој е најзгодниот маж во 2024 година беше објавена на „The Late Show with Stephen Colbert“, а Џон дошол во шоуто да ја сподели својата урнебесна програма „едноставни чекори како да станете секси“

Магазинот People ја доделува оваа титула од 1985 година, кога ја освои Мел Гибсон, а ланската титула за најсекси маж ја освои актерот Патрик Демпси. Пред него титулата ја освоија Крис Еванс, Пол Руд, Мајкл Б Џордан, Идрис Елба и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.