Артан Груби денеска ја отвори културно -научната манифестација „Денови на Албанската азбука“, по повод 115 -годишнината од Битолскиот конгрес.
Во својот говор пред присутните, Груби истакна дека треба да размислиме за трајното и пожртвувано патешествие на нашите предци за спас на нашиот јазик од бурите кои имаа за цел да го уништат.
Оттука, да размислиме за трајното и пожртвувано патешествие на нашите предци за спас на нашиот јазик од бурите кои имаа за цел да го уништат, да им ја пренесеме на новите генерации важноста на тоа активно богатство и таа патриотска храброст благодарение на која сме на наши нозе, горди на нашиот писмен јазик трасирајќи го патот за напредок, рече Груби.
Во продолжение целиот говор:
Задоволство ми е што заедно продолжуваме да ја негуваме вистинската организациска традиција како Културно-научната манифестација „Денови на Албанската азбука“ за да ја изразиме големината на еден од најважните моменти во историјата на нашата нација, Конгресот на Албанските букви во Битола од 1908 година.
Оттука, да размислиме за трајното и пожртвувано патешествие на нашите предци за спас на нашиот јазик од бурите кои имаа за цел да го уништат, да им ја пренесеме на новите генерации важноста на тоа активно богатство и таа патриотска храброст благодарение на која сме на наши нозе, горди на нашиот писмен јазик трасирајќи го патот за напредок.
Колку убави зборови извезе овој јазик за храброста на мачениците, за патриотизмот, за слободата и за нашата култура. Некогаш, нашите мајки и татковци ги чуваа овие вредности на машките собири и тогаш спомените на славата од минатото ги извезовме со букви за да бидат вечен аманет за националните идеали.
Целта на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и Ансамблот на албански народни песни и ора во Македонија е да ги расветлат фактите, студиите и публикациите од областа на албанологијата кои ја документираат антиката на нашиот јазик и неговото владеење кога преку букви се стави на хартија.
Да се прикаже тој широк и бесконечен опус на вредности преку културна програма која пред се ја негува традицијата на нашите песна и ора, за чие архивирање огромна улога има албанскиот писмен јазик.
Драго ми е, што на оваа 115-годишнина од Битолскиот Конгрес ќе се елаборираат научните перспективи од Академиите на науките и уметностите на Македонија, Албанија и Косово.
Ви посакувам успех во сите планирани активности во рамките на „Деновите на Албанската азбука“! Да ги откриеме нашите јазични и културни вредности пред очите на целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.