По повод Меѓународниот ден на Толеранција на прогласен од ОН – 16 ноември, на 14 ноември, вторник, со почеток во 18:00 часот, во Кинотека на Македонија ќе се одржи Тркалезна маса на тема ”Да помагаме и почитуваме, а не да отфрламе“, со фокус на третманот на лицата со деменција.

Настанот е во организација на Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа, кој по седми пат организира активности за одбележување на овој ден.

Настанот ќе започне со проекција на краткометражниот документарен филм„Деменција – еден месец во животот“.

По филмот ќе следи панел дискусија, модерирана од м-р Ели Танасковска. Панелисти ќе бидат професионалци од медицинската струка, како и луѓе кои имале искуства со справување со деменција на нивните најблиски:

– Доц. д-р Габриела Новотни, специјалист-невролог;
– Проф. д-р. Анита Арсовска, специјалист-невролог;
– Драгица Русевска Христова, новинарка и авторка на книгата: “Кога мама заборави дека ме сака“
– Тања Кочовска, актерка

Настанот е отворен за јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.