Британскиот крал Чарлс на официјална церемонија, го прогласи гитаристот на групата „Квин“, Брајан Меј, за витез. Церемонијата се одржа во Бакингемската палата, а 75-годишниот гитарист се заблагодари на својот инстаграм-профил.

Брајан отсега ќе биде познат како Сер Брајан Меј. Тој беше заслужен за основањето на „Квин“, а наградата ја доби за придонес во музиката и за хуманитарната работа.

Меј за агенцијата АП изјавил дека се надева оти оваа титула ќе му помогне во борбата за правда и за луѓето кои немаат глас.

Можеби сега повеќе луѓе ќе слушаат што имам да кажам отколку порано, кога ќе кажам Сер Брајан Меј на телефон, додал тој.

Во 2002 година, по повод 50-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора, Брајан ја отсвири химната „Господе, спаси ја кралицата“ на покривот на Бакингемската палата, а настапи во 2022 година по повод 70-годишнината од владеењето на кралица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stereogum (@stereogum)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.