Трендот за second hand модата е во нагорна линија, од страна на изложувачите, но и од страна на посетителите. Пред сè самата понуда станува побогата, интересот за учество на вакви настани расте, па на овој базар ќе има 35 штандови. Нив ги охрабрува и големиот број на посетители, кои ги поддржуваат овие мали и локални бизниси, а воедно прават добро и за својот буџет и животната средина.

На 8. јуни од 11 до 15 часот во Јавна Соба ќе се оддржи третиот по ред базар, досега најголем, на кој ќе бидат изложени облека, книги, играчки и други производи „од втора рака“, како и рачно изработени накит и аксесоари.

Ќе доживеете едно сосема поинакво пазарење во Јавна Соба оваа сабота, во забавна, опуштена и пријателска атмосфера. Има голема можност да се најде нешто уникатно што го нема во регуларните молови! велат организаторите.

Влезот за посетителите е слободен!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.