Ноемвриската полна месечина, којашто ќе биде видлива денеска, на 15 ноември, ќе биде последната супермесечина за оваа 2024 година.

Супермесечината е поголема и посветла од обична полна месечина. При оваа ноемвриска супермесечина, нашиот природен сателит ќе мине низ соѕвездието Овен, во близина ќе може да се види и познатото ѕвездено јато Плејади, што ќе биде видливо со голо око на места со чисто небо.

Месечината, набљудувана од човечкото око, ќе изгледа целосно осветлена цела ноќ. На македонското небо, таа ќе биде најјасна некаде по 22:00 часот.

Оваа супермесечина, според стручњаците, е седум отсто поголема и околу 16 отсто посветла од обичната полна месечина, а за обичното „голо око“, разликата е многу суптилна.

Од астролошки поглед, полната Месечина го симболизира крајот на животниот циклус, а знаците како Бик, Скорпија, Водолија и Лав најмногу ќе го почувствуваат влијанието на овој астролошки настан.

Полната месечина во Бик претставува уникатен астролошки феномен кој носи енергија на стабилност, сензуалност и практичност. Бикот е знакот кој владее со материјалните работи, уживањето во природните убавини, како и финансиската сигурност и стабилност. Кога Месечината е во овој знак, емоциите се интензивни, но приземјени во исто време.

Овој транзит е одличен за фокусирање на она што ни дава чувство на сигурност и задоволство. Бикот ни помага да го цениме моментот и да забавиме за да уживаме во работите што ги имаме и да вложиме енергија во зачувување на нашата емоционална и материјална стабилност.

Бидејќи полната месечина го осветлува сето она што е скриено, оваа позиција може да ги извади на површина чувствата во врска со безбедноста, финансиите, самопочитта, па дури и односите со саканите. Многумина ќе почувствуваат потреба да ги ревидираат своите приоритети, особено во однос на нивната финансиска состојба, кариера или долгорочни цели.

Ова е исто така време кога можеме да донесуваме одлуки за инвестиции, без разлика дали се материјални или емотивни. Можно е енергијата на Бикот да не поттикне да посветиме повеќе внимание на работите кои се опипливи и долготрајни.

Овој момент, исто така, не потсетува на важноста да се балансира желбата за материјална сигурност со потребата за емоционално задоволување – и затоа може да биде крајно трансформативен за оние кои се подготвени да се посветат на тие аспекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.