ОВЕН

Соочени сте со нерамнотежа помеѓу она што рационално го знаете и она што интуитивно го чувствувате. Се двоумите, премногу е луцидно да донесете важна одлука заснована само на интуицијата, без начин да го докажете тоа. Не барајте оправдувања за никого, вашиот суд е непогрешлив.

БИК

Не сте сигурни каде одите понатаму, само знаете дека ви треба промена. Немате услови за патување, а токму тоа би ви помогнало во моментов. Не паѓајте во темни расположенија, работите се случуваат како што треба, наскоро ќе знаете што да правите.

БЛИЗНАЦИ

Се соочувате со понуда од која се плашите колку што ја сакате. Очекувате интензивна поддршка од членовите на семејството, иако сте свесни дека тоа нема многу да ви помогне. Бидете тоа што сте, опуштете се и освојте ја позицијата со вашиот шарм.

РАК

Се чувствувате празно. Можеби, деновиве, завршивте важни задачи, па мислевте дека овој ден ќе биде спектакуларно радосен. Задоволството недостасува поради наглото опаѓање на адреналинот. За да се вратите, итно смислете нови цели.

ЛАВ

Љубовниот живот е во центарот на вниманието. Партнерот долго време е во сенка, ги трпи вашите професионални обврски и проблемите кои доаѓаат со тоа. Време е да им надоместите, особено на крајот од денот кога ќе им треба поголема поддршка.

ДЕВИЦА

За да постигнете некои поголеми цели, ќе мора да жртвувате нешто, а тоа можеби е поврзано со вашиот љубовен живот. Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи, па големи се шансите да успеете во сите ваши намери, но обидете се да не тргувате со емоции.

ВАГА

На почетокот нешто не ви беше по волја, а потоа кога работите тргнаа по ваша желба, изгубивте интерес. Се соочувате со луѓе кои не го разбираат вашето променливо расположение, не знаат како да ве задоволат. Бидете фер и земете ги предвид потребите на другите луѓе.

ШКОРПИЈА

Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи. Доброто расположение може накратко да биде уништено од неочекуван телефонски повик. Вестите што ќе ги слушнете ќе бидат чудни и нема да имате друг избор освен да слушате и да заборавите што е можно поскоро.

СТРЕЛЕЦ

Поволен ден за истражување и уживање. Исто така, сигурно е дека ќе добиете понуда да се зачлените во хуманитарна организација каде целосно би се изразиле бидејќи вашата комуникација и уверливост се вредни за таа работа.

ЈАРЕЦ

Поради изразените промени во расположението, вие сте почувствителни, што може да доведе до големо искушение разнишаната љубовна врска. Во срцето сè уште чувате силни спомени од далечното минато, па сеќавањето на неуспешната голема љубов ја вознемирува вашата нова.

ВОДОЛИЈА

Денот е обележан со напнати транзити кои навестуваат стресни ситуации од кои нема лесно да се извлечете. Нетрпеливоста сведете ја на минимум за да избегнете поголеми неволји, особено кога се во прашање врските и љубовта.

РИБА

Имате можност да научите како нешто добро излегува од секоја лоша работа. Проблемот со вашата моментална ситуација е отсуството на поддршка на која сметавте. Можеби е вистинскиот момент да размислите што сакате, да ви ласкаат или искрено да ве критикуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.