Астролозите открија кои денови во месец октомври ќе бидат најсреќни. Тогаш ќе успееме да ги решиме најтешките проблеми и да постигнеме благосостојба.

10 октомври
Датумите во огледало се секогаш добри денови со посебна енергија. 10 октомври е одличен за нови почетоци и многу важни, итни работи од секаква сложеност. Ваша задача за 10.10. е да не се откажувате од она што сте го започнале и да верувате во себе. Тоа е главниот рецепт за успех.

12 октомври
Плутон привремено ќе го прекине ретроградниот пат. Зборот „привремено“ може да се игнорира, бидејќи она што е привремено за Плутон е многу долгорочно за нас луѓето. Ова е добар ден во кој, не баш забележливо за нас, може да почнат да се случуваат добри работи во меѓусебната комуникација. Можеби сакате да ги „закопате секирите“ со непријател или со некој близок. Ова е време на љубов и позитивност.

13 октомври
Квадратот на на Меркур и Плутон, двете најоддалечени планети е секогаш добар. Меркур и Плутон прават аспект што ќе генерира силни позитивни бранови. Ова е ден на хармонија, радост, љубов и добрина.

14 октомври
Спротивноста на Венера со Уран е аспект на силата. Ова е најдобриот ден да се ослободите од лошите навики и негативните мисли. Погоден е и за започнување циклус на физички вежби и за грижа за здравјето. Во такви денови, болестите често исчезнуваат.

17 октомври
Венера во Стрелец не се чувствува најдобро, но секако подобро отколку во Скорпија. Ова не е најмоќниот, но е најважниот ден во октомври. Ова е време на љубов, добрина, позитивност и почеток на нешто добро. Од 17.10. ќе имаме повеќе енергија и желба да ги надминеме тешкотиите.

22 октомври
22-ри е многу добар ден од која било гледна точка. Ова е универзален ден на сила, погоден за апсолутно сите работни места и грижи. Погоден е и за релаксација, спорт, романса, состаноци, нови познанства. На овој ден, повеќето од нас треба да бидат во добро расположение.

30 октомври
Меркур и Уран ќе формираат одличен аспект кој благотворно ќе влијае на нашето расположение. Во такви денови корисно е да одите на шопинг, да патувате и да запознавате нови луѓе. Можете да се радувате на необични и пријатни ситуации кои со задоволство ќе ги паметите во иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.