За време на ретроградниот Меркур, астролозите топло препорачуваат да бидете внимателни и да не преземате непотребни чекори. Потпишувањето важни документи и донесувањето какви било одлуки најдобро би било да ги одложите, бидејќи хаосот што владее овој период нема да ви донесе ништо добро.

Иако традиционално се очекува дека ретроградниот Меркур на сите ќе им ги замрси конците, некои хороскопски знаци не треба да се грижат!

Еве на кои знаци ќе им биде од корист ретроградниот Меркур во август!

Бик
Смирените, разумни и трпеливи Бикови не се плашат од непријатните последици на овој астролошки феномен. Тоа е така благодарение на нивната способност да останат смирени дури и тогаш кога се чини дека сѐ е осудено на пропаст. Се трудат да не ѝ подлегнат на меланхолијата и да ја одржат хармонијата во себе дури и во најтешките ситуации. Затоа, Бикот има големи шанси да го преживее ретроградниот Меркур без непотребно губење нерви.

Девица
Припадниците на овој знак имаат двојна, а можеби и тројна среќа, бидејќи нивниот заштитник е Меркур. Девиците се чувствуваат самоуверено дури и во најтешките денови. Благодарение на нивниот аналитички начин на размислување, тие успеваат брзо и јасно да пронајдат решение за новите проблеми и да ги држат своите емоции под контрола.

Скорпија
Може само да ѝ се позавиди на интуицијата на Скорпиите. Претставниците на овој знак умеат да ги забележат знаците на универзумот и да го следат гласот на своето срце, што им овозможува да останат во хармонија со себе и да не влегуваат во конфликти со другите. Способноста брзо да се приспособат на промените им помага да не се грижат за она што се случува и останат верни на себе.

Јарец
Главната гаранција за успехот на Јарците во секоја работа е нивната практичност и смиреност. Може само да им се позавиди на нивниот труд и разум, па секој би требало да научи цврсто да стои на нозе и да ги реализира своите амбиции. Понекогаш изгледаат премногу директни и педантни, но сето тоа им овозможува да не се плашат од тешкотиите и да преземат одговорност, дури и во најтешките денови на ретроградниот Меркур.

Водолија
Водолијата е еден од ретките знаци кои секогаш се потпираат само на сопствената сила и знаат трезвено да проценат што се случува околу нив. Тие добро се свесни што се случува и се приспособуваат на разните пресврти на судбината. И покрај фактот што одвреме-навреме стресот, сепак, ги надвладува, тие се трудат да не прават непромислени потези и никако не дозволуваат секојдневните неволји да ги излудат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.