Одржувањето на ветувањата не е само прашање на одговорност, туку и показател за интегритет, почит и лојалност. Според астролозите, одредени хороскопски знаци се познати по тоа што се толку сигурни што секогаш ги исполнуваат своите ветувања.

Бик

Биковите се стабилни и решителни. Кога нешто ветуваат, тоа за нив е прашање на гордост и лична чест.

Без разлика на предизвиците или пречките, припадниците на овој знак ќе најдат начин да го исполнат своето ветување, дури и ако тоа бара дополнителни напори или промени во плановите.

Зборот им е цврст како карпа.

Лав

Лавовите се познати по својата лојалност и искреност. Кога ќе дадат ветување, тоа го прават со цело срце и со вистинска намера да го одржат. Нивната внатрешна чест и гордост не им дозволуваат да ги изневерат луѓето што ги сакаат. Лавовите попрво ќе претрпат лични тешкотии отколку да го прекршат ветувањето и на тој начин ќе покажат колку ја ценат довербата на другите луѓе.

Девица

Девиците се перфекционисти, што се гледа по нивниот однос кон ветувањата. За Девиците ветувањето е сериозна работа, обврска која мора да ја исполнат за да го зачуваат сопственото чувство за морална одговорност. Тие често прават повеќе од што треба за да се погрижат да го исполнат ветувањето до најмалите детали.

Јарец

Јарците се неверојатно одговорни и посветени. Кога ветуваат нешто, тоа е договор што не можат да го раскинат. Колку и да се промени ситуацијата, Јарците ќе останат доследни на зборот. Нивната упорност и посветеност често ги надминуваат сите пречки што ќе им се најдат на патот.

Водолија

Иако водолиите често се однесуваат независно и слободоумно, кога ветуваат, тие се свесни за одговорноста што ја преземаат. Нивното чувство за праведност и лојалност ги тера да се држат до зборот, дури и ако тоа им носи тешкотии. За Водолиите ветувањето е знак на доверба и почит, па затоа се трудат да ги исполнат сите очекувања.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.