Не е сеедно дали сте родени наутро, попладне или навечер- еве зошто.
Часот на раѓање е особено важен детал за астролозите кои ги прават наталните карти. Но, врз основа на таа информација, преку овој текст ќе можете да дознаете повеќе за она што ве очекува во животот.

Како што секој ден во месецот има своја нумеричка вибрација, така и секој час во денот има своја астролошка фреквенција, а тоа пак влијае на нашиот биоенергетски напон. Мора да се знае дека влијанието на одредени планети наизменично се менува во текот на 24 часа.

Имено, воопшто не е сеедно дали сте родени наутро, попладне или навечер. Некои постапки, ставови и расположенија подобро може да се разберат доколку се знае нумеричката вибрација на часот во кој сте родени.

Кругот од 24 часа, поделен е на 6 нумерички станици. Првата станица е помеѓу полноќ и 4 часот наутро. Наредните станици одат пропорционално, на секој 4 часа до крајот на денот.

Доколку сте родени во првата станица, вие сте по природа тивки и мирни. Сакате да сонувате и да мечтаете. Имате бујна мечта, но тешко се снаоѓате во вистинскиот свет. Вие сте роден уметник, па затоа луѓето ретко ве разбираат.

Ако сте родени помеѓу 4 и 8 часот наутро, ваша одлика е итрината и упорност. Тоа се манифестира на професионален план. Тежнеете да им бидете пример на другите. Постојано се докажувате и го потврдувате својот квалитет.

Ако сте родени помеѓу 8 часот и пладне, вие сте многу оптимистична личност. Полни со верба и надеж. Секаде зрачите со несебична љубов и топлина. Чувствителни сте и наклонети кон уметноста и филозофијата. Имате талент кој треба да го развиете.

Доколку сте родени помеѓу пладне и 16 часот, ведри сте, полни со енергија и практичните работи се како створени за вас. Добро владеете со вештината на говор, па луѓето уживаат да ве слушаат. Имате голем број таленти, кои е потребно да ги развивате, но одберете ги вистинските кои вам ви прилегаат.

Помеѓу 16 и 20 часот, се раѓаат немирните, нескротливите. Динамични луѓе, кои брзо мислат и брзо делуваат. Често менуваат ставови и одлуки и знаат да работат повеќе работи одеднаш. Оние кои не ги познаваат доволно ги сметаат за брзоплети, но тие точно знаат што прават.

Родените во последната станица се умерени, упорни и истрајни на сите полиња. Тежат кон тоа да доминираат над ситуацијата. Рационални и продуховени. На околината делуваат како магнет, авторитет се во семејството и помеѓу пријателите. Понекогаш делуваат малку арогантно, но тоа доаѓа од таму што се ценат себе си.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.