Овен
Kариера и пари:
Овој месец ќе имате потреба за поголема приватност и за поблизок контакт со природата. Многу е веројатно дека ќе почнете да работите од дома. Јуни ќе биде добар месец за поправање на работи низ дома или за повторно преговарање на некој договор за закуп. Финансиската состојба ќе ви биде добра и стабилна.
Здравје:
Месецов ќе бидете весели и оптимистични, но ќе чувствувате и потреба за мир и хармонија. Релаксирајте се со читање на книга, проештки и пријатни разговори со најблиските.
Љубов:
Планетата Марс, која ќе биде лоцирана во куќата на паровите во овен, ќе ви помогне работите да се одвиваат онака како што вие сакате. Последната недела од јуни ќе ви донесе среќни и релаксирачки моменти, како и еден важен состанок.
Совет: Избегнувајте конфликти.
Бик
Кариера и пари:
Ова е месец во кој ќе работите макотрпном, но со задоволство. Вашиот професионален живот ќе биде динамичен, а соработката со вашите колеги ќе ви оди одлично. Иако ќе бидете материјално наградени за вашиот труд, сепак добро би ви било парите да ги заштедите за летниот одмор.
Здравје:
Планетата Венера ќе ви донесе оптимизам и добро расположение во првите две недели од јуни. Ова дефинитивно ќе биде месецот кога вашата убавина ќе биде најизразена. Во последната недела од месецот препорачливо ви е да бидете внимателни, бидејќи постои можност за мала настинка.
Љубов:
Венера, планетата на сензуалност уи хармонијата, ќе биде лоцирана во Бик сѐ до 23 јуни. Нејзиното присуство ќе резултира со бројни бенефиции во вашиот љубовен живот. Во овој период ќе изгледате попривлечно и ќе добивате многу покани за состаноци.
Совет: Забавувајте се што е можно повеќе.
Близнаци
Кариера и пари:
Сонцето овој месец ќе биде лоцирано во Близнаци и традиционално ќе ви донесе успех. Вашиот авторитет ќе се зацврсти, а вашата самодоверба ќе се зголеми и ќе имате сѐ што ви е потреебно за да започнете нови проекти. Од друга страна, треба да бидете внимателни со парите и да избегнувате какви било трансакции.
Здравје:
Ќе се чувствувате многу енергично и позитивно, особено во првите две недели од јуни. Можни се и чувства на истоштеност поради прекумерно работење.
Љубов:
Сензуалност ќе биде она што ќе ви го одбележи месецот. Желбата за секс за една вечер, или за авантура, ќе имате можност да си ја остварите токму овој месец. Но, внимавајте, пазете со кој ќе бидете, бидејќи може да ви се случат несакани последици
Совет: Учествувајте во што повеќе собири со пријателите.
Рак
Kaриера и пари:
Првите две недели од овој месец ќе ви бидат поволни за градење стратегии и за анализи на работното место. Во последната недела од јуни, можно е да се сочите со мала финансиска заагуба. Но, до крајот на месецот, повеќето работи би требало да се решат.
Здравје:
Ова нема да биде многу пријатен месец за вас, кога се работи за здравјето. Ќе се чувствувате постојано како да сте отсутни, а вашата концентрација нема да биде на ниво. Бидете внимателни на 12ти и 13ти јуни, бидејќи тогаш е затемнувањето на месечината.
Љубов:Овој месец, планетата Венера ќе шири шарм во 11-тата куќа на Рак. Вашиот социјален живот ќе биде на највисоко ниво, а ќе присуствувате и на повеќе важни настани каде ќе имате можност да запознаете неколку луѓе кои ќе ви се допаднат. На крајот од месецот можно е некој ваш пријател да ви изјави љубов.
Совет: Пишувајте, цртајте, бидете креативни!
Лав
Kариера и пари:
Надредените ќе ве наградат за вашата одговорност и посветеност на работата. Овој месец најуспешни ќе бидете во тимската работа. Тоа ќе ви биде вашата можност да ги покажете своите квалитети и да се докажете како лидер. Кога се работи за финансиите, морате да бидете внимателни.
Здравје:
Јуни може да биде доста турбулентен период за вас, бидејќи вие сакате мир и комфор, а ова може да влијае на вашата внатрешна рамнотежа. Не обидувајте се да ги избегнете проблемите со прекумерно јадење и пиење.
Љубов:
Венера, планетата на љубовта, ќе биде во многу моќна позиција овој месец, што значи декаве очекува сензуалност и хармонија, а уште долго ќе ги паметите случувањата кои ќе го одбележат овој месец, бидејќи многу е веројатна понудата за брак од вашиот долгогодишен партнер. За оние кои не се во врска препорачливо е да отпатуваат неколку дена, каде ќе доживеат незаборавна авантура.
Совет: Јадете повеќе здрава храна.
Девица
Kaриера и пари:
Сонцето ќе влезе во куќата на кариерата, а тоа ви ветва шанса за успех и добра заработка. Сѐ ќе се одвива онака како што вие сакате, така што, не треба да се грижите. Најдобро ќе ви оди тимската работа, па можете да започнете со некоја групна активност.
Здравје:
Ризикот од настинки ќе биде значително намален во однос на минатиот месец, но сепак, бидете внимателни. Можно е да се соочите со хроничен замор.
Љубов:
Ова ќе биде месец во кој ќе бидете во потрага по авантура. Добро би ви дошло патување со партнерот на крајот од месецот, а доколку не сте во врска, отпатувајте со некој пријател, па дури и сами, среќата секако ќе ви се насмевне кога станува збор за љубовта. Во првата недела од јуни ќе се чувствувате како да сте осамени, па затоа ќе барате некој личност која ќе ве развесели.
Совет: Бидете во контакт со стрите пријатели.
Вага
Кариера и пари:
Во првите две недели од јуни ќе имате можност да се покажете колку сте добри во она што го работите. Не пропуштајте ја шансата, бидејќи тоа може да ви донесе покачување на платата. Помеѓу 7ми и 17ти јуни, Меркур ќе биде влезен во куќата на кариерата, па тоа може да ви донесе мали проблеми со финансиите.
Здравје:
Овој месец треба да бидете многу внимателни кога се работи за вашето здравје, бидејќи ќе чувствувате замор и намалување на виталните знаци. Бидете смирени и штитете се од стресни работи.
Љубов:
Сѐ до 23јуни, Венера нема да биде во добра позиција за Вагите. Овој период може да ви донесе проблеми во врската. Но, веќе наредната недела работите ќе се вратат на своето место, така што, можете да здивнете. Доколку не сте во врска, искористете го вашиот шарм и личноста која ви се допаѓа може да ве покани на состанок.
Совет: Потрудете се секогаш да гледате на позитивната страна.
Скорпија
Кариера и пари:
Ова ќе биде месец во кој ќе можете да направите некои промени кои ќе ви бидат потебни. Положбата на Марс и Уран може да ви донесе мали неуспеси на професионално поле. Во последната недела од јуни работите теба да се сменат, а финансиите ќе ви се зголемат, па многу е веројатно да инвестирате во нешто.
Здравје:
Со положбата на Марс и Уран, вашата здравствена состојба не изгледа добро. Може да почувствувате нагли промени кои ќе ви донесат потешкотии.
Љубов:
Сѐ до 23ти јуни, положбата на Венера ќе биде во куќата на љубовните вски, а тоа ќе ви донесе топлина и нежност на љубовно поле. Ова ќе биде период во кој ќе се чувствувате сигурни и цврсти како никогаш. Жедта за љубов ќе ви биде голема, што дополнително докажува дека сте емоционални.
Совет: Стапете во контакт со некој пријател од странство.
Стрелец
Кариера и пари:
Овој месец ќе бидете фокусирани на соработката, што ќе ви донесе дополнителна соработка. Што и да правите, тоа ќе го правите заедно со вашите колеги. На крајот на јуни можни се шанси за нови договори. Финансисата состојба ќе ви биде деликатна до 17ти јуни, внимавајте!
Здравје:
Со Венера, која ќе биде лоцирана во куќата на здравјто, вашата здравствена состојба ќе биде задоволителна. Ќе бидете преокупирани со негата на телото, диети и други третмани кои се поврзани со убавина.
Љубов:
Сонцето овој месец ќе биде лоцирано во куќата на паровите, а тоа ќе ви донесе дополнителна позитивна енергија. Партнерот ќе ви биде најважната личност на светот за вас, а тоа ќе ви ја зацврсти врската. После 7ми јуни Меркур ќе биде во спротивна насока од куќата на паровите, што значи дека некои стари проблеми може повторно да бидат точка на дискусија.
Совет: Јадете здрава храна и внесувајте повеќе течности.
Јарец
Кариера и пари:
Јуни ќе ви биде доста активен месец кога се однесува на професионално поле. Во првите две недели од овој месец, ќе имате повеќе авторитет и ќе подобро ќе ги користите вашите лични вештини. Вторите две недели ќе се посветите повеќе на соработката и партнерството.
Здравје:
Препорачливо ви е да одите на рутински преглед кај лекар, бидејќи Меркур ќе биде во спротивна локација на здравјето. Не мислете се многу, доколку се двоумите, побарајте второ мислење.
Љубов:
Под топлите зраци на Венера, која ќе биде во куќата на љубовта овој месец, во текот на целиот месец ќе чувствувате сензуалност и позитивни вибрации. Можно е некои денови да се чувствувате запоставено, но, воглавно планетата на љубовта ќе ви донесе многу незаборавни моменти.
Совет: Потрудете се да направите баланс помеѓу работата и семејството.
Водолија
Кариера и пари:
Oвој месец Сонцето ќе ја шири својата позитивна енергија, а вашите таленти ќе дојдат до израз. Исто така, ќе имате голем капацитет за искажување на вашата креативност. Но, внимавајте, кон крајот на месецот можни се мали проблеми во финансиите.
Здравје:
Ќе имате многу енергија, но тоа не ви гарантира добро здравје. Овој месец имате предиспозиции за стресни и ризични несреќи. Бидете внимателни додека возите!
Љубов:
Сонцето ќе премине во куќата на љубовта и задоволствата во првите две недели од овој месец. Тоа ќе биде период на флертувања и романтични афери и секако еротски искуства. Но, не мешајте ги премногу работите, посебно во првиот дел од месецот.
Совет: Поканете ги пријателите на еден вкусен ручек.
Риби
Кариера и пари:
Во втората недела од јуни, можно е да се соочите со проблеми во финансиите. Но, како и да е, по кратко време ќе изнајдете решение за проблемите. Важните одлуки на професионален план одложете ги за крајот на месецот.
Здравје:
Скоро во текот на целиот месец ќе бидете расеани и ќе ви фали концентрација, а тоа може да ве доведе до стресни ситуации.
Љубов:
Венера ќе помине низ третата куќа на Риби, а тоа ќе ве охрабри да го отворите срцето. Ова ќе биде месец на искажување на емоциите и сентиментални разговори или љубовни изјавувања.За оние кои се во врска, ова ќе биде поволен месец за повторно да ја разбудат еротиката во врската. А доколку не сте во врска, ќе имате многу динамичен период кон крајот на месецот.
Совет: Запаметете дека за сѐ има решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.