Многу хороскопски аспекти зависат од останатите хороскопски карактеристики, па поради таа причина Јарците се најдобри, а Близнаците најлоши возачи од сите припадници на хороскопот.

Близнаци

Поради нивниот општ немир и склоност лесно да осудуваат во опкружувањето со бавно темпо, најлоши возачи број еден се Близнаците кои учествувале во повеќе сообраќајни несреќи од било кој други хороскопски знак.

Бик и Риби

Второто и третото место за оваа сомнителна чест го имаат Бикот и Рибите. Биковите го заземаат второто место поради својата склоност да размислуваат само за своите непосредни потреби. Кога станува збор за брзиот тек на сообраќајот, Биковите често не можат да гледаат доволно далеку од себе за да се приспособат на опкружувањето кое постојано се менува. А, со Рибите изгубени во својот ум, одвоени од околината на светот, нивните реакции на брзите и опасни ситуации можат да бидат бавни и ирационални.

Јарец

Од друга страна, Јарците се рангираат како најдобрите возачи во сообраќајот. Тие се трпеливи, одговорни и разумни. Никогаш не се познати како некои луѓе кои ризикуваат, тие се придржуваат на правилата за безбедност во својата мисија од точка А до точка Б.

Стрелец

Стрелците играат на сигурно, внимателно ги следат рутите и навигацијата и гледаат да не скршнат од патот. А, потоа одеднаш држат четири кафиња во рацете и почнуваат да додаваат гас, така што со нив никогаш не се знае на што сте.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.