Јануари ( Водолија)

Луѓето кои се родени во овој месец се зборлести, духовити, чесни, искрени и големи лутковци. Често знаат да бидат маѓепсани од љубовта, па да фантазираат постојано за гушкање и бакнување на саканиот. Најчесто на свет доаѓаат со одреден белег на градите, рамената, кој ја содржи целата нивна животна среќа. Овие луѓе најчесто стапуваат во брак во јули, но знаат и да стапат и во втор брак, ако првиот не ги исполни нивните очекувања.Жените родени во овој месец се убави, кокетни, но љубовта среќа пронаоѓаат дури со својот трет партнер. Нивниот живот може драстично да се променува на 3,16 и 26 години. Смртта може да им дојде во вода, како последица на инфаркт и запушување на крвните садови, но тоа најверојатно ќе биде по нивната 70та година и во месец август.

Февруари (Риби)

Луѓето кои се родени во овој месец се движат гордо и исправено и пленат со стој свој став. Науката е место каде ќе се пронајдат, а токму таа ќе им овозможи да го прошетаат целиот свет. Нивните знаења и добрина ќе им обезбедат позиција на шеф, на која ќе останат се до пензионирањето, опкружени со почитта на другите.
Најчесто се раѓаат со белег на образот или челото и со способност да го штитат оној кој го сакаат по секоја цена. Девојките родени во овој месец се паметни, убави со неодоливи румени образи и истакнати веѓи. Ако ја преживеат својата 28ма година, ќе живеат се до 90 години, кога ќе починат во месец декември.

Март (Овен)

Луѓето родени во овој месец се верни, со чесен и херојски дух, но и со прикриен гнев и лутина кои ретко доаѓаат на површина. Патувањата се оние кои им даваат мотив за живот, посебно кога ќе останат без својата сакана личност. Нивниот живот најчесто е поделен на два дела, односно ако ја преживеат 22 година, ја
доживуваат и својата 69 година, која во несреќен случај згаснува нивниот живот. Коските и тетивите се места кои ќе им создаваат главоболки.

Април (Бик)

Мажите родени во овој месец се вистински заводници, кои вешто ја кријат својата интелигенција и добронамерност. Тоа им помага да станат големи развратници, кои речиси и да не веруваат во љубовта. Оние кои се родени во текот на ноќта ќе живеат сиромашно, за разлика од оние кои се родени во текот на денот.
Кога ќе стапат во брак ќе добиваат само женски деца, кои ќе го исполнуваат нивниот живот се до 58 година, кога во ноември најверојатно ќе им заврши животот.

Мај (Близнаци)

Луѓето родени во овој месец имаат остар поглед, кој ги води низ лавиринтите на науката и кон лесната заработка. Најчесто стапуваат во брак со моќна личност, која ќе го осигури нивниот успех и ќе им подари близнаци. Жените пак се надарени со неверојатна убавина, која ги заведува постарите мажи, па затоа завршуваат со таков партнер, кој ќе им овозможи живот во луксуз и бескрајни патувања.

Јуни (Рак)

Луѓето родени во овој месец се многу разумни, па не користат лаги и измами за да го осигураат својот успех. Тие се многу успешни, посебно на полето на трговијата, со која ќесе занимаваат се до својата смрт на 66 години. Во текот на животот ќе се борат со хемороиди, но и болки во забите, рацете и нозете.

Јули (Лав)

Родените во овој месец се како предодредени да бидат доброчинители, кои се омилени во секое друштво. Со својата интелигенција тие секогаш наоѓаат начин да им помогнат на сите, а со тоа ја креираат и сопствената среќа. На бракот ќе дојде гледаат како на еден вид игра, во која треба само тие да уживаат па со партнерката ќе имаат голем број недоразбирања. Ќе живеат се до својата 76 година. Жените пак родени во овој месец се интелигентни и многу нежни, но поради својата желба да живеат само со некој во кој се лудо вљубени ќе живеат во мизерија, со своите син и ќерка.

Август (Девица)

Оние кои се родени во овој месец се наклонети кон уметноста, па се дружат само со такви луѓе. Постојано внимаваат на својата чест, а затоа се посесивно љубоморни на својата партнерка, со која најверојатно ќе стапат во брак во месец јули. Ако успеат да ја победат тешката болест која ќе им се случи на 40 години, ќе доживеат длабока старост.Жените родени во овој месец пак ќе се омажат добро и ќе имаат само синови, кои ќе им овозможат вистински задоволства и родителска гордост.

Септември (Вага)

Луѓето родени во овој месец се вистински прогонувачи на правдата, со лут темперамент , гнев и амбициозност кој ги води. Во нив се крие и вистински заводник, поради нивната фаталност. За да се збогатат често знаат да се откажат од љубовта, а нивната тврдоглавост не им дозволува да не исполнат тоа што наумиле. Најголема среќа ќе доживуваат во јули, а ќе живеат до 60 години. Девојките родени во овој месец ќе имаат живот исполнет со додворувачи, но нема да дозволат ниту еден да ги покори. Штом ја пронајдат љубовта ќе стапат во брак, но децата ќе бидат вистинското нивно задоволство, па речиси и ќе заборават на партнерот.

Октомври (Скорпија)

Мажите родени во овој месец се зли, похотливи, склони кон лаги и измами, но и многу ладнокрвни кога станува збор за исполнување на својата цел. Ќе имаат голема среќа во бракот, а ќе доживеат дури 80 години покрај својот партнер. Жените пак ќе стапат во неколку бракови, барајќи ја совршената љубов, а тоа ќе ги
растажува и депримира.

Ноември (Стрелец)

Родените во овој месец се паметни и многу праведни, но честото размислување им создава големи главоболки. Ќе стапуваат два пати во брак, но нема да имаат деца, а тоа ќе ги прави многу несреќни. Ако успеат да ги победат лошите мисли ќе живеат се до 76тата година.

Декември (Јарец)

Груби, лути и безмилосни се луѓето родени во овој месец. Тие се со слободен дух, па често сакаат да пробаат се. Рано ќе се соочат со губење на родителите, но љубовта ќе биде онаа која ќе им ја врати желбата за живот. Ќе живеат се до 55 години, покрај својот единствен пород.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.