Ова е недела кога конечно можеме да се ослободиме од она што не функционира за нас.

Сезоната на Водолиите е тука, а освен тоа во вторник Меркур го завршува своето ретроградно патување и почнува да се движи директно во Јарец. Иако оваа недела ќе биде тешка за некои знаци, сепак за три од нив доаѓа прекрасна недела.

Близнаци – живеете по својата филозофија и убаво ви е

Начинот на кој го гледате светот ќе дојде во прашање оваа недела. Можно е да тргнете кон ново разбирање, преку нови искуства. Ова е нешто што одамна го посакувавте, но пандемијата секогаш ги комплицираше работите досега. Ова е нова филозофија која ви носи можност да внесете промени во својот живот. Искористете го моментот и радувајте се на процесот.

Вага – станувате центар на внимание

Вие сте инспирирани да бидете свои оваа недела, а тоа ќе ви донесе нови начини на изразување. Подготвени сте да бидете видени, луѓето да ви се восхитуваат и да бидете во допир со нешто магично. Не се плашете од тоа. Следната фаза во вашиот живот ви носи нови искуства и учење на разликите меѓу она што треба да го прифатите и смените.

Водолија – го откривате својот потенцијал

Се чувствувате како да растете и созревате. Но, тоа веќе не ве плаши, туку ви носи возбуда во срцето. Најважното е дека уживате во својата кожа особено бидејќи ова е голем момент на големи промени за вас. Ја сакате личноста во која се претворате и тоа е одлично. Уживајте во процесот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.