Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот изработи нов репрезентативен промотивен материјал кој ги отсликува убавините и уникатните вкусови од овој регион. Новите трендови во туризмот ставаат акцент на патувањето фокусирано на храна, благосостојба и грижата за себе кога патуваат надвор од дневната рутина.  Новите формати на патување како еко-туризам, соло патување, е-туризам, микро-авантури и доживотно патување се појавуваат за да се задоволат сè пофрагментирани и персонализирани потреби.

На наше задоволство, а со силен мотив изработивме гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети кои се важен дел од понудата во регионите, со цел збогатување на туристичката понуда и зголемување на промоцијата на државата, периодов што следи ќе бидат изработени и видео материјали за истата намена. Брошурата содржи фотографии и текстови за гастрономијата во Република Македонија, културата за неа, храна или друг пијалок кој оди со рецептот, настани или манифестации поврзани со гастрономијата. Гастрономскиот водич е во вид на патеписни приказни за вкусовите на Република Македонија, преточени преку интересни приказни за гастрономијата, виното, традицијата, фолклорот и културното наследство во нашата земја,  рецептите се специфични од аспект на потекло, како се подготвуваат, кој производи се потребни за  традиционалниот специјалитет, легенди за одредени локални традициии. Брошурата содржи локални или регионални традиционални рецепти за одредени јадења од сите 8 плански региони, карактеристични за тој регион или локално место од тој регион.

ГАСТРОНОМСКА МАПА
Илустрираната гастрономска карта има за цел да ги мапира регионите каде има традиционална подготовка на македонски јадења. Идејата е да ги поканиме патувачите на гурманска тура низ Македонија, да уживаат во регионалните вкусови. Освен во печатено издание брошурата: Вкусот на мојата земја и гастрономската мапа  се поставена на веб страната.
ВКУСОТ НА МОЈАТА ЗЕМЈА
Земјава нуди атрактивна туристичка понуда, од езерски до планински туризам, еко и рурални туристички аранжмани, а за сите љубители на активните форми на туризам има адреналински тури. За сите гурмани и ено-гастро концептот како туристичка понуда има што да овозможи, за да се вкусат најдобрите вина и да се пробаат највкусните традиционални рецепти приготвени секогаш од свежи продукти. Зголемениот интерес за посета на една од последните неоткриени туристички дестинации-Македонија од страна на новинари, инфлуенсери, блогери, влогери, тур оператори и претставници од туристичкиот сектор на странска земја е се поголем. Креативноста, ресурсите и капацитетите ќе бидат искористени за професионално и туристичко претставување на земјава, на интернационалните саеми за туризам во Мадрид, Истанбул, Белград, Берлин, Загреб, Тирана, Букурешт, Милано, Римини, Варшава, Измир, а целта е промоција на локалитетите, туристичките производи, атракции, авантуристичките форми на туризам, гастрономија, винските патишта, руралните дестинации и региони.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.