Романската манекенка, Андреа Сасу, има многу интересно и бурно минато. Некогаш беше во врска со фудбалерот Рикардo Сапонара, потоа можеше да се пофали дека е со познатиот Мото ГП возач Андреа Јаноне, а сега е со познат тајкун, вреден 800 милиони евра.
Тоа е Филип Плејн, германски дизајнер чија компанија произведува и дистрибуира луксузни стоки. Според последните проценки, неговото богатство тежи 800 милиони евра, а интересно е што во 2019 година ја остави својата тогашна избраничка Лусија Бартоли, со која има две деца.
Што се однесува до Андреа, таа по потекло е од Романија и дојде во Италија за да стане модел.
Доаѓањето во Италија, иако бев дел од модна агенција, на почетокот беше многу тешко. Отидов со идејата дека тоа му се случува на секој што сака да се оствари. Немав пари, а за да се појавиш на кастинзи требаше да си дотеран, среден, плус имаше други трошоци: воз, метро, храна. Беше како лотарија, изјави тогаш Андреа.
View this post on Instagram
Андреа постигна успех како модел, но на италијанската јавност и стана многу попозната поради нејзините врски. Прво беше со Сапонара, кој меѓу другото го носеше дресот на Милан и Фиорентина, а потоа беше со Јаноне, италијанскиот Мото ГП возач. Сега е со Филип со кој доби дете.
View this post on Instagram
Живееме заедно. Современото семејство е различно за секого. Децата никогаш не треба да бидат во ситуација да треба да избираат меѓу мајката и таткото, вели Плејн, за кого ова е четврто дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.