Актерката Силвија Стојановска правосилно е ослободена од вина за шверц на дрога по речиси пет години откако започна судскиот процес.

По спроведената меѓународна операција „Колибри“ во која беа лишени од слобода пет лица од кои две на територијата на нашата држава и три лица на територија на Кралството Шпанија, надлежниот јавен обвинител во истрагата утврдил дека во периодот од јули 2019 до 18.12.2019 година, обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралство Шпанија од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, купувале пренесувале и продавале кокаин во вкупна количина од 698.758 грама од Колумбија.

Апелациониот суд ја одби жалбата поднесена од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, откако Стојановска лани во септември беше ослободена од вина.

Првично Стојановска беше осудена на три ипол години затвор поради шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.