Живееме во време на искушенија, време во коешто главната борба со злото ни е директно од нас, од наши луѓе, од наши блиски. Ние се обидуваме да се вратиме во некоја нормала, прво обидувајќи се барем сопствената околина да ја средиме. Нашата околина многу зависи и од овие што не владеат. Нам ни е потребно едно добро чувство на спокој. Кога го немаме од надвор, како да го постигнеме? – ја започна својата нова видео колумна Слушај ваму Јанко Илковски, која ја прави во соработка со Република.

Тој во видеоколумната во приквичерието на најголемиот празник Велигден и вели треба да се пристапи малку религиозно.

-Нашата борба во политиката не смее да биде базирана на омраза. Дури и цинизмот не можам да го преџвакам иако јас кариера на тоа направив. Не мораш никого директно да навредиш, но на некој суптлен начин да му покаже, да го чукнеш по тиквата и да му кажеш „ало, што правиш“. Христијанство не подразбира пасивност. Тоа што на прав Христијанин главно му е да се моли, да се причествува, да се исповеда и да ги сака сите, тоа не значи дека тој треба да остане пасивен кон случувањата. Но од него не може и не треба да очекувате радикализам, вулгарност, па и она што некој го повикуваат на радикални протести каде што веќе нема што да се направи – коментира Илковски.

Поставува прашање Дали кај нас е дојдено времето за востание, притоа давајќи одговор дека не е дојдено.
-Зошто? Затоа што не се случува. Минатиот пат реков народ што чека некој да го поведе ништо не заслужува Апосолутно.

Еднаш дошол лидер и тој никого никогаш не повикал. Пред 2000 години Христос дојде. Кој го слушаше го слушаше, кој тргна по него, тргна. За 12 души знаеме. На сите чуда, на се што направи, само 12 души го следеа. 12-те Апостоли. Верувајте и ние како христијани ќе му свртевме грб на Христос, ќе вилавме вака треба, онака треба, овој треба, она треба, не да преговарап, војна да правиш… – вели Илковски.

Социјалните мрежи, додава тој, станаа место за утеха. Самооправдување дека ете нешто сме направиле. Ете сум кажал глас на отпор.

-Се додека ти се тресе раката за кого ќе заокружиш, се додека твојот брат попрво сака ти да страдаш, да ти е лошо, па и тој лично, само ти да не го поведеш… Таква е ситуацијата во Македонија. Веривајте дека лидерите на власта во овој момент да направат крвопролевање, нивните следбеници тоа го оправдуваат само затоа што поважно им е, без оглед колку зло нанесуваат, нините да се, одошто она што е праведно, она што е добро, она што треба да биде.

Тој посочува дека мора гласно да се зборува! Зборувајте! Зборувајте за вашата идеја со многу љубов, со многу факти! Не го мразете својот брат, мразете му го гревот

Целата видео-колумна слушнете ја на следниот линк:

 

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.