Од 2006 година велам дека МАкедонија ќе влезе во НАТО, Македонија ќе го смени името и Македонија нема да влезе во ЕУ. Тоа и се случува – вели Јанко Илковски во својата видео-колумна Слушај ваму, што ја прави во соработка со „Република“.

Вели СДСМ намерно ги изгуби изборите за да ги исчисти своите редови, да исфрли се што е скопско, да дојде струмичкото и „Алекс“ да почне да ќешира. Сите пари се даваат во пропаганда, ништо во инвестиции.

Зборува и за големиот кредит, инвестициите во општините. Парите што ги носи ВМРО-ДПМНЕ главно одат во инвестиции.

Многумина не веруваа дека Македонија може да го издржи притисокот да не ги внесе Бугарите во Уставот и може да не влгуваме во ЕУ. Албанија ја одвоија и ништо страшно. Страшно е што ќе прави притисок во внатрешни ешалони кои утре на повик ќе ни го загорчуваат животот. Нема да не уништат, но животот да ни биде тежок, многу тежок. Сега засега се остава ВМРО-ДПМНЕ и го испратија во Германија за да му кажат што ќе се случува. Не дека не знаеа. Не е сао Бугарите во Уставот. Бесконечно е! – коментира Илковски.

Што има Илковски да каже слушнете во неговата колумна.

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.