Неколку работи ни се случуваат секојдневно, крадење и лажење… Покрај овие појави имаме и појава како лажење и крадење. Овие појави не се од билтените на МВР, антикорупциска или судовите туку е она што секојдевно ни се случува од нашата власт – вели Јанко Илковски во својата најнова видео-колумна „Слушај ваму“, во соработка со Република.

Тој потсетува на редица лаги и нереализирани ветувања. Вели пари се донесени, позајмени украдени од сите страни, а ништо не се прави и сето тоа си поминува. Можеби ќе ни светне еден ден, одамна ни го имаат светнато, ама памет не ни доаѓа…

Зборува за протестот на пензионерите, кои, како што вели, не памети да излегле на протест… Живееме во страшна инфлација… Го отепаа народот, го измрцварија, го искрадоа, па уште се фалат со покачување на пензиите, покачување кои не ги покриваат основните потреби. Треба да ги поддржиме, сите ќе дојдеме таму, да имаат спокојна старост, да имаме спокојна старост.

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.