Никогаш од еден извор не носете заклучок – вели Јанко Илковски во најновото издание на Слушај ваму, видео-колумна која ја прави во соработка со Република.
Мицкоски беше многу критикуван кога беше опозиција, а сега уште повеќе критикуван, но и уште повеќе и фален. Мицкоски енајразличниот политиар од сите политичари кои сме ги имале до сега. Во ниту еден момент не се додворуваше. Ако некогаш направил драматична сцена тоа е кога им падна на своите сопартијци и се заколна. Некои се воодушевија, некои заплакаа, некои прашуваа што е ова сега, на што личи. Но времето покажа дека човекот бил искрен. Нема да паѓа стопати на колена, еднаш го направи тоа, прати порака и работи понатака. Знаете што значи рацете поставени напред кога говори? Според психологијата значи дека внатрешно личноста е смирена и сигурна во себе, знае што кажува. Силата Мицкоски не ја доби сам од себе, силата му ја даде народот. Зен моментот на Мицкоски кој го мислеа повеќето дека е сувопарен политичар, раководен од оваа или онаа амбасада не искочи точно. Откако е дојден на власт една лажна изјава не даде. Секој збор го одразува точно она што е во план да се реализира – коментира Илковски.
Што има понатаму да каже Илковски слушнете на следниот линк
Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.