Власта се буди, почнува со холивудска програма, предвремена кампања да ја убеди јавноста дека они нешто работат, дека вложуваат и дека градат – ја започна својата нова видео колумна Слушај ваму Јанко Илковски, која ја прави во соработка со Република.
Вели власта ќе го градела Коридр 8…
-Кој бе Коридор 8?! Дури и оние нивните портали што мораат да лажат дека нешто се правело и се прави, излегоа со некоја проценка колку владата дала пари за изградба на фабриката за електрични автомобили… Искеширана голема пара, а на местото овци нема, а не па фабрика… Не знам портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ кога тргна кон Тетово да се слика кај фабриката што не застана и пред Клинички да се слика, па да заокружи малку по Качанички пат, пар километри до косовска граница… Каков е патот?! Го градат, го градат уште пред да дојдат на власт… И тоа поминува кај гласачко тело… Изгледа ние ја заслужуваме оваа власт… – коментира Илковски, додавајќи дека во Македонија повеќе се занимаваме со опозицијата, отколку со власта.
Смета дека народ што чека некој да го поведе не заслужува ништо… Го коментира предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за примена на хрватскиот пример за промена на уставот, како позитивен чекор.
Се сеќавате на кондурите пред Влада? Знаете колкав е редот кондури во нивното владеење? До крајот на Партизанска. Еден не вратија назад. А знаете колку отидоа – вели Илковски
Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.