Како да делуваме кога сме нападнати од сопствената власт, која се што направи направи пат за самоуништување на македонскиот народ и идентитет, вели Јанко Илковски во видеоколумната Слушај ваму, направена во соработка со Република.

Илковски не очекува да се сложиме со него, но она што мора да се признае е дека и податоците кои ги пласира самата Светска банка говорат во таа насока.

Седиме како готовани, е тој фино кажа. Таа приказна нема кој да го поведе народот не држи. Секогаш има кој да го поведе народот, само што ние не ги следиме тие луѓе. Имаме добра причина? Да, ама престани да мрзиш. Остави ги, двајца, тројца, петорица, илјада, тие одлучиле. Во оваа држава повеќе се занимаваат со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, отколку со било кој друг. Чекајте бе луѓе, кој ни го готви сето ова последните пет години?! Кој не задолжи преку 5 милијарди евра?! – вели Илковски, запрашувајќи каде завршија тие пари кога ништо не е направено.

Вели бар споменици да имаа направено па да има каде да плукаме. Не ги заобиколува ниту децата отпишани од училиштата во последните неколку месеци, поразителни бројќи, кои се очекува да растат. Тоа е затоа што на родителите им е јасно – Овде не бива.

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.