Македонците имале доблест да го погребаат Гоце Делчев во црква, коментира Јанко Илковски во својата нова видео колумна Слушај ваму, која ја прави во соработка со Република.

Вели ми смрди на гадна, расипана подмолна игра која се играше за време чествувањето на Гоце Делчев. Потсетува дека народот сѐ уште нема добиено ништо од ветувањата на ова Влада. Потсети на провизиите, запалената болница, запалениот автобус, секојдневниот криминал што ни се случува.

-Македонија и Македонците, а не власта и институциите достоинствено го испочитуваа Гоце Делчев. Од власта видовме многу театар – посочува Илковски и додава:

Ако ние Македонците бевме решени да направиме белја, провокација, да кренеме се во воздух, медиумски, со транспаренти, викање. ќе го направеа. Никој не може да го направи Македонецот лош. А јас не слушнав макар тајно, заткулисно некој да повика ајде да направиме беља, па власта да дознае, па еј дознавме ќе спречиме. Кога мизерија…

 

Ние Македонците бевме на гробот на  Гоце Делчев да покажеме дека не го прифаќаме она што Бугарија го прави и да покажеме дека сме против она што оваа власт го прави и договара.

 

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.