Живееме во еден хистеричен период на владеење, во кој оваа влада воопшто не се труди ни да се самооправда себе си. Дури ни да излаже… дека преземаат нешто, прават, инвестираат. Масовно грабање… Јас така го доживувам ова коментира Јанко Илковски во својата нова видео колумна Слушај ваму, која ја прави во соработка со Република.

Тој оваа колумна ја посвети на бомбите што секојдневно прават стрес и на децата и на родителите:

Видете што ни се случува со децата, со месеци дојави за бомби има. Руско влијание било, опозицијата го правела ова. Зошто?! За да си ги малтретира сопствените деца? Зошто им верувате? Не вие платените од власта, вие мора да го правите тоа. Ама вие другите?! Децата ви ги малтретираат. До нашата власт е, не е до никој друг.

Тој запраша зошто во приватните училишта нема дојави за бомби. Вели во ред е да не ја сакаат опозицијата, но зарем се спремни децата да си ги жртвуваат.

Вели било која партија од опозицијата кога се најлоши од дома да не излезат, без со прст да мрднат, прават подобро за целата држава отколку овие на власт. Потсети дека нашите праправнуци ќе ги плаќаат долговите на државата.

Ни Американци, ни Германци ни Руси, ни Британци не ја уништија земјата. Вие ја уништивте. Со крадење. Сега се уништува и убива Македонија. Со крадење. Колку поблиску е крајот на една власт, таа побезобразно краде… – вели Илковски.

Македонија и Македонецот е во концентрационен камп! Затоа што е ќутлив и повлечен!

 

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.