Дали човек сега треба да биде арогантен и да се препушти?! Прашува Јанко Илковски во својата најнова видео-колумна Слушај ваму што ја прави во соработка на Република.

Не! Прво да не бидете како нив! Да не се ситите.Да не им се изживувате! Да не ги омаловажувате! Затоа што ако вам не ви се допаѓаше тоа што они го правеа, не правете го и вие! Бидете подобри од нив! – вели тој.

Според него Стево Пендаровски нема да биде запаметен по ништо добро, претседател кој бил карикатура сама по себе. Вели сега на сите им е јасно дека промената доаѓа, а тоа станало појасно со реултатите од првиот круг на претседателските избори. Смета дека луѓето кои биле во дилема за кого да гласаат, од страв да не имаат последици, после првите резултати веќе се ослободени од тој страв. Повикува на масовност за да не може да се полнат кутии и да се лажираат резултати. Само со масовна излезеност може да се постигне тоа!

-Очајна е ситуацијата во СДСМ. Дали ќе се обидат нешто, јас се сомневам! Сиве овие години имавме некое чувство дека разно разни амбасади притискаат. Овојпат не креваат телефони. Очајниве се обидуваат, вртат, ама никој не им крева. Приказните дека ако дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе ги изгубиме ЕУ и НАТО е само очајна бедна лага! – коментира Илковски.

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.