Расположен сум зашто блиската иднина е светла. Има позитивни индикации дека добри работи ќе и се случат на Македонија. Ќе има валкана борба, ќе има прљави работи, но јас сакам да ви укажам на една работа. Знам дека ви е прекуглава да ви кажуваат, да ве убедуваат, вака треба да правите, онака треба да правите. Но рејтинзите кога се поставени ништо не може да ги потресе толку на краток рок. Било каква афера да се измисли сега за опозицијата или за било која друга партија, ако има 30, 5, 1 отсто, ниту ќе им се качи, ниту ќе им се спушти – вели Јанко Илковски во најновата видео-колумна, Слушај ваму, што ја прави во соработка со Република.

Вели дека на народот му е јасно дека што и да се извади сега, за било кого, нема да има влијание – што го чувале до сега, што чекале до сега. Сега веќе не верувам! Коментира – премногу сте паметни за да знаете како да постапите! Политички став утре може да има оној што гласал.

Овие избори и покрај сѐ ќе бидат наместени. Но тоа може да се спречи. За тоа постои само еден начин. Полнењето кутии може да направи само кога има мала излезеност. Колку помала излезеност толку поголема манипулација – додава Илковски, кој нагласува дека на излезност од 80 отсто волјата на мнозинството не може да биде порекната.

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.