Возбудливи времиња не чекаат. На две места треба да победиме и ќе победиме. Прво како деснчари да победиме во Македонија и да ја преземеме власта за да ја спасиме земјата и да се спасиме себе, да го спасиме народот, страдните. Ви честитам народе. Како успеавте да издржите овие осум години, терор, мрцварење, изживување. Боб Марли викаше – немам пранги на рацете, но слободен не сум. А Гоце Делчев велеше не е човек роб зашто носи пранги, туку човек е роб затоа што носи пранги во главата. Ние бевме заробиени и збунети. Некои беа гласни, некои не. Нема критика за тоа кој како го преживеал. Ни преживеавме тешко зло, никогаш да не се повтори! – вака Јанко Илкоски ја започнува својата најнова видео колумна насловена Слушај Ваму, која ја прави во соработка со Република.

Колку луѓе умреа во корона поради тоа што немаше протокол, колку луѓе умреа во сообраќајка, колку луѓе живи изгореа, колку убиства имаше… никаква одговорност немаше, но во затвор има доживотен, троќивотен, за оние кои излегоа да си го бранат уставот и државата. А тоа што влегле во контрола на летање, тоа не е ништо… семејна работа.

Тој повика граѓаните да излезат на избори и да заокружат, за себе, за своите деца!

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.