Константните напади врз опозицијата и Христијан Мицкоски. Мислам дека е тоа е како во времето на „шарените“ кога го прогонуваа Никола и Никола беше виновен за сѐ, сега е истото тоа со Мицковски, од истите центри, од истите кујни. Ама со една разлика – Никола беше легитимна цел, беше премиер. Обвинувањата за се што се случува во земјата се насочени кон власта. Власта е таа која ја носи одговорноста за она што се случува во една земја – вели Јанко Илковски во својата најнова видео-колумна „Слушај ваму“, во соработка со Република.

Тој коментира дека ВМРО-ДПМНЕ не е партија на државата Македонија, туку партија на следбениците на ВМРО-ДПМНЕ. Власта вели е нелегитимно избрана, има премиер кога никогаш не излегол на избори, кој е насаден… Зборува за рејтинзите на партиите, според кои ВМРО-ДПМНЕ е со повисок рејтинг од владејачката СДСМ. Вели ако се во право дека опозицијата е виновна и нечини како рејтингот оди напред.

Кој не краде, кој не малтретира? Не е опозицијата, власта е! – вели Илковски.

Тој запраша зошто неговото право да биде Јанко, Македонец, христијанин, православен, јазикот, идентитетот треба да му го германскиот Бундестаг?! Моите основни човекови права, право на самоопределување, сум избрал да сум христијанин, прифаќам да бидам Македонец, татко и син, татко на моите деца, син на моите родители. Тоа не може никој да го одземе, но ниту да го гарантира. Нема зошто тоа некој да го гаранира.

Имаме само еден избор за да спасиме што можеме да спасиме – оваа власт да биде сменета!Нема подобра опција!

Што има да каже Илковски во последната видео колумна слушнете н следниот линк:

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.