Нивните афери, криминали, скандали се секојчасовни, не секојдневни. Гледаш овој направил ова, оној она… Човече, бар два три дена да остане аферата и да ја коментираш, да ја зборуваш. Ова цело време нови афери. Мислев дека намерно продуцираат афери за побрзо да ја заборавиш претходната поголема. Но грешка сум бил. Овие се сериозно неспособни. Ништо не поправаат. Користат некоја празна реторика, со која се обраќаат само на своите – вели Јанко Илковски во својата последна видео-колумна Слушај ваму, што ја прави во соработка со Република.

СДСМ се убедени дека амбасадорите ќе им дадат власт, коментира Илковски, додавајќи дека и покрај притисоците од странците, ВМРО-ДПМНЕ опстана а лидерот Христијан Мицкоски станал доследен на она што го кажува.

-Знаат дека ќе изгубат. Ќе изгубат страшно, не пак нема да биде доволно страшно. Треба да изгубат под лупа да ги бараш во парламент. Идеално би било ВМРО-ДПМНЕ да има двотретинско мнозинство. Така ќе реализираат дел од програмата, од она што го ветуваат – додава Илковски.

Вели ги прележавме детските болести. Треба сериозно да се срози оваа власт. И само така ќе се направат добри и сериозни промени.

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.