Дали се сеќавате на притисокот кој го имавме како држава кога дојдоа да неубедуваат дека мора да го смениме името. Ова е крај. влегуваме во Евроспка Унија… запраша Јанко Илковски во својата нова видео колумна Слушај ваму, која ја прави во соработка со Република.

Арно ама не било, коментира тој и влеи после овие години ветувања и неисполнување треба да ги отерате во три лепе…

-Ми велат немај Јанко, тие се странски дипломати. Не ми дошол некој што му тежи зборот. Во моментот ќе ви кажат се што сакаат, а после ќе си следи приказната. Да дојде да каже нема да ги изневериме Македонците и Македонците… леле каква храброст рекла Македонките… – додава Илковски.

Тој вели во некоја друга ситуација не би имал проблем Бугарите да влезат во Уставот, но после целата нивна политика на лажење и омаловажување, негирање, зошто да го внесам…

-Како да не бараме реципроцитет. Побитно ние да влеземе во ЕУ, после лесно таму. Нема да влеземе. Недела пред да дојде мадам и да ни каже дека не смее да ги изневери Македонците и Македонците, класичен соросоид, излезе нејзин колега од нејзина земја и рече ова не е крај уште многу болни работи ќе има…

Нив им е помало зло да се расправаат со нас отколку со Бугарите, додава тој и вели дека битно е дека имаме работа со ноторни лажговци. Не се побунија за ниту еден друг закон, но за коцкарниците се јавија… Зошто?!

Понатаму запрашува Дали гледате со какво зло се соочуваме?

 

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.