Обидот за атентат врз Доналд Трамп е тема и во новото издание на Слушај ваму, видео-колумна на Јанко Илковски, која ја прави во соработка со Република.
-Тајната служба за чување на претседателските кандидати е државна служба и нејзините членови кога ќе бидат доделени да штитат некого, треба да го штитат со своите тела, со своите животи. Она што го видов, говорот на тело, изразот на лице, укажуваат на страв, на паника, а сето тоа го брише она дека било договорено, дека било со знаење… Нормално дека ќе се оди со контра теза дека тие што биле долу на теренот со Трамп не ни знаеле дека се спрема ваков заговор, дека овој заговор не е од тајната служба, туку од ФБИ и биле спремни да жртвуваат луѓе. Втората теза е дека не бил само еден пукач, имало уште еден снајперист. Тука е интересна теза, зашто повеќе мислам дека е интенција приказна ја спојува со Кенеди. За Кенеди теориите се дека во неговото тело немал еден куршум, туку два од разни агли и имало двајца пукачи. Во еден момент имало наредба еден припадник од тајните служби добал наредба да се тргне од колата. Но дали Доналд Трамп имал сила, моќ да влијае врз тајната служба или ФБИ да се организира таков атентат. Или дали воопшто можеле демократите да организираат таков атентат? И трета теза дали вакви служби што ангажираат вакви професионалци можат да промашат, ако имале и втор пукач…
Дали Доналд Трамп сами си го организирал атетатот? Дали на Доналд Трамп му требало вакво нешто? Му требаше ли ваков скандал? Што мисли Илковски слушнете во видео-колумната Слушај ваму
Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.