Многу тешка недела ни се случува. Македонија многу бурно реагираше на случувањата во Србија. Тие случувања беа предмет на сериозна анализа во цел свет, освен во Македонија. Во Македонија таа анализа на случувањата во соседството се сведе на фејсбук муабети, иако имаше неколку добри моменти. Ад-хок кој како дојде, некој ќе исфилозофира, публиката гледа работи кои се полуточни… – ја започнува Јанко Илковски неговата најнова видео-колумна Слушај ваму што ја прави во соработка со Република.
Тој не се согласува со муабетите дека западот е крив, америка е крива, дека такви вредности тие ни наметнале, вакви работи во Америка се случувале.
–Србија е малку специфична како држава, како општество, како менталитет. Доволна ни беше трагедијата која се случи кај Смилковско Езеро која непотребно партиски се вулгризираше… Каков тежок ден беше тоа… Нејсе… Можам да ја замислам траорноста во Србија во овие моменти – вели Илковски.
Вели детето кое ладнокрвно планирало методично убиството ги шокираше сите. Вели демонот сегде ќе влезе… Смета дека децата им бегаат на родителите од раце. Треба да си со нив, да знаат дека имаат мајко и татко… Да им се даде предност на децата, не на кафаната, пријателите, викендот на мама и тато. Треба да си пријател, другар со децата, да може да разговара со вас…
Ресет нема да дојде, постои прилагодување на дадената ситуација. Смета дека не треба да им се забранува на децата, треба да се остават да се изиграат, да ги надживеат работите, да ги надминат работите – сака тортата цела да ја изеде, нека јаде додека да му се слоши. Тоа вечно нема да трае. Убијците, криминалците се луѓе кои не се изиграни, немале детство.
-Македонија е единствена земја во која дете кога ќе падне вика ќути да не ме видат од дома, ќе ме утепаат.
Што им направивме на децата за време на карантинот?! Слушаа и гледаа што се случува. Допрва ќе гледаме изгубени души, генерација која ќе има сериозни ментални проблеми…Министерство за образование, каква мизерна дупка. Како можевме вакво министерство… да го плукнеме, да не го раководиме, да не се води никаква сметка за децата…
Да го пружиме животот на оној кој заслужува – детето!
Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.