Црквата не повика. Не паметам во овие 50-60 години архиепископот на мојата црква да излезе и да го повика народот да излезе и да се собере. Црквата не повикува на протести. Никогаш. Црквата собира, таа е соборна, прави народен собор. Црквата како сите невладини и владини институции се заага за народот, за своите верници и кога ќе се исцрпат сите начини за една праведна борба да добие некаква форма, кога гледаат дека заради интересите на неколкумина се занемаруваат интересите на многумина, црквата повикува на народен собор за сите гласно меѓу себе да се слушнеме – вели Јанко Илковски во својата најнова видео-колумна „Слушај ваму“, во соработка со Република.

 

Тој вели црквата има право на став. Воедно се заблагодари на големите партии кои ниту дадоадиректно поддршка, ниту пак повикаа против. Не влегоа во конфликт против црквата. Вели загриженоста на најголемите религии во Македонија е голема. Дали црквата е ретроградна, дали ни се проповеда дека жените се во ропство?

-За разлика од вас ние се поклонуваме на нашите жени. Ги целиваме иконите на нашите светителки. Жената кај нас е култ- коментира Илковски.

Понатау вели:

Најмрачното не се појави на протестот, најмрачното се појави на социјалните мрежи после овој протест, кој ги затекна, затоа што беше мирен и достоинство. Зашто тезите и пораките од него беа рационални. Партиите беа внимателни, иако имаме демохристијански ориентирани партии кои поинтровертно ја даваа таа поддршка. Така и треба, не можеш да си поголем од Бога!…

 

За навредите упатени кон црквата и верниците и пораката „Црквата да одјебе“ вели Боже, прости им не знаат што прават! Ама кога ќе ве пукне по глава ние ќе бидеме првите кои ќе се побараме милост!

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.