Каде се 2 милиони со торбата Луј Витон, каде се парите од изградбата на патот Скопје-Петровец кој се гради 3 години. Не смеам да го спомнам автопатот Кичево – Охрид, се работи за археолошки локалитет кој наскоро ќе биде заштитен под УНЕСКО, како една од најстарите ископини во светот, почната во едно дамнешно време и никогаш завршена и чини баснословно. До каде сме со раскрсницата кај Хубо, или како е на патот до Косово… запраша Јанко Илковски во својата нова видео колумна Слушај ваму, која ја прави во соработка со Република.

Тој потсети и на фабриката за електрични автомобили… Вели ова е само дел од аферите, крадењата и лагите. Каде се парите, бар да ги гледаме, да се прави нешто…

-Ништо мене во овој момент во животот не ми зависи од опозицијата. Мене се ми зависи од власта. А ништо не е добро… Имаме најзадолжена влада, а парите не ги гледаме, баремс поменици да градеа, да афалтираа нешто, да гледавме… – коментира Илковски.

А што има да каже Јанко за Ми заплакало село Ваташа… Слушнете во најновата колумна…

 

Ставовите искажани во рубриката Слушај ваму се личен став на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.