Водата во Штип да се користи само за техничка употреба. Вакво известување пристигна попладнево од ЈП „Исар“, каде стои дека граѓаните не треба да ја пијат водата и користат за готвење.
„Поради прилагодување на параметрите на SCADA системот во делот на хлорирање на водата, ги известуваме граѓаните на Општина Штип дека наредниот период до наше следно известување водата од дистрибутивниот систем не треба да се користи за пиење и готвење и истата да се користи само за техничка употреба“ – стои во соопштението од ЈП „Исар“.
Инаку, од вчера водоснабдувањето во Штип се врши комбинирано со вода од бунарскиот систем и вода од ХС Злетовица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.