Жена на 45-годишна возраст била уапсена во центарот на Скопје, откако кај неа била пронајдена марихуана.

Денеска во 01.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода М.А.С.(45) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Апсења поради марихуана имало и во Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода.

На 28.12.2022 во 21.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

 

На 28.12.2022 во 21.10 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ж.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

 

На 28.12.2022 во 21.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека по документирање на случајот против сите уапсени ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.