ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе предложи намалување на акцизата за горивото, најави претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
– Чекавме Владата да се вразуми и самата да ги намали акцизите, но бидејќи тоа не се случува, ќе има од нас таков предлог во наредните денови, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по денешната посета на Ѓорче Петров.
Во однос на сметките за струја на општините, Мицкоски нагласи дека се многу повисоки од досегашните дури за четири до пет пати. Тој ја обвини власта дека требала да води сметка како да ги зголеми дотациите во локалните самоуправи зашто кризата е од лани, кога се подготвувал буџетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.