Напаѓачот на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Винисиус, е фудбалерот врз кои се направени најмногу прекршоци во изминатата сезоната во водечките европски лиги.
Врз 22-годишниот бразилски репрезентативец биле направени 122 прекршоци, објави денеска порталот „squawka“.
На второто место е играчот за врска на римски Лацио, Матија Закањи, врз кои изминатата сезона во Серија А биле направени 117 прекршоци.
Следуваат крилниот напаѓач на шпански Рајо Ваљекано, Иси Палазон (104 прекршоци), играчот за врска на француски Монпеље, Теи Савание (97) и португалскиот напаѓач Иво Родригез (95), кој изминатата сезона настапуваше за Фамалкао
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.