Украина побара итен состанок со Русија и земјите-членки на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ).

Руската Државна дума денеска изгласа нацрт-резолуција за признавање на самопрогласените Доњецка народна република (ДНР) и Луганска народна република (ЛНР). Претседателот на Долниот дом на Парламентот, Вјачеслав Володин изјави дека документот веднаш ќе биде испратен до претседателот на Русија.

Претходно, шефот на полската дипломатија и претседавач со ОБСЕ, Збигњев Рау во Москва изјави дека Организацијата сака да создаде платформа за разговори, со која би се спречиле кризи како таа во Украина.

–  Би сакале да создадеме неформална платформа за отворена политичка дискусија меѓу земјите на ОБСЕ, што ќе овозможи дискусија за механизмите за запирање на кризи како сегашната, истакна Рау.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.