Украинските воздухопловни сили ноќеска ги уништија сите осум беспилотни летала „Шахид“, што Русија ги употреби за напад на неколку области во земјата, соопшти утринава Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.
Беспилотните летала се уништени над регионите Николаев, Дњепропетровск, Хмелницки и Ровињ, пренесоа украинските медиуми.
Русија синоќа лансираше една ракета „Искандер-М“ и три ракети од системот С-300 кон Украина, соопштија вооружените сили на Украина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.