Птичји грип се појави во Македонија, лабораториски е потврден случај кај живина во Злокуќани во Скопје, но власта молчи, а надлежните во Агенцијата за храна и ветеринарство се однесуваат како да се на колективен годишен одмор, вели Цветан Трипуновски кој ја води Комисијата за земјоделство и ветеринарство во ВМРО-ДПМНЕ.
Иако една од првите работни посети на Љупчо Николовски се случи во Агенцијата за храна и ветеринарство, каде намерата беше да се покаже институционалниот капацитет на ресорот, сите нивни медиумски напори паднаа во вода., а Македонија за многу кратко време се соочува со уште една опака заразна болест, птичји грип кај живината, вели Трипуновски.
Болеста е лабораториски потврдена во селото Злокуќани, Општина Карпош, но надлежните во Агенцијата за храна и ветеринарство се однесуваат како да се на колективен годишен одмор. Јавноста не е информирана, НЦКБ (Националниот центар за контрола на болеста) не може да се собере, а уште помалку да донесе сет на мерки, живинарските производни капацитети не се запознаени, а со тоа и не се ставени во состојба на зголемена претпазливост, нагласува тој.
Триупуновски прашува: „Што треба да се случи во државата за најповиканите да понесат одговорност? Живинарството е под закана на големи загуби. Агонијата во сточарското производство продолжува. Македонија час поскоро мора да се ослободи штетните политики со кои СДСМ пет години по ред носат безидејност и ниска продуктивност во македонскиот аграр.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.