Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска смета дека Предлог-законот за систем на плати во јавниот сектор не е противуставен, бидејќи, како што посочува, целта е воспоставување ред во платите во јавниот сектор.

– Сега имаме различни плати за иста работа во различни институции. Целта на овој закон е во секоја дејност, во секоја област да воспоставиме граница на највисока плата и да не може од таа плата да се оди погоре, а согласно највисоката плата надолу за останатите работни места согласно сложеноста на работа да им се пресмета платата. Да ставиме еднаш засекогаш ред во јавниот сектор, не може директор на јавно претпријатие да зема поголема плата од претседателот на држава или, пак, директор на јавно претпријатие да зема поголема плата од министерот кој му е надлежен во таа област, изјави министерката Тренчевска по денешниот брифинг со медиумите.

 

 

Таа посочи дека предлогот е во првична работна верзија ставен на ЕНЕР за да може да го коментираат сите. Според неа, добро е сите синдикати, работодавачи и работниците во јавниот сектор да можам да дадат свои коментари.

– Краен резултат е унапредување на правата на вработените во јавниот сектор, рече Тренчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.