Министерството за внатрешни работи на Германија дозволи знамето со виножитото да може официјално да се подигне пред зградите на германската федерална влада.

Сепак, знамето со виножито, кое се користи ширум светот како симбол на заедницата на лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови и квир (ЛГБТК), може да се користи само во одредени прилики, како на пример кога германските градови одржуваат геј парада или кога се одржуваат други релевантни локални настани.

Доделувањето на официјалната дозвола беше неопходно за да се стави крај на честите дебати за официјалната употреба на знамето во минатото, соопшти германското МВР.

Сакаме дискриминацијата на луѓето врз основа на нивниот сексуален идентитет да заврши во сите области на општеството. Сакаме да покажеме солидарност со сите оние кои сè уште се принудени да страдаат од исклучување – изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.