Зградата на Вагнер во Санкт Петербург вечерва беше осветлена во облик на крст откако во авионската несреќа загинаа Евгениј Пригожин и Валери Чекалов.

Имено, авионот летал на релација Москва – Санкт Петербург, имало седум патници и тројца членови на екипажот и никој не преживеал.

Греј зона, телеграм каналот поврзан со Вагнер, потврди дека Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа.

– Главата на Вагнер, рускиот херој и вистински патриот Евгениј Викторович Пригожин почина како резултат на дејствијата на руските предавници. Но, тој ќе биде најдобар дури и во пеколот. Слава на Русија! – објавија тие.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.