Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, вети дека ќе обезбеди „сè што е потребно“ за украинските војници, кои ги одбиваат руските напади врз Бахмут и Соледар, два града во источниот регион Доњецк што руските сили се обидуваат да ги заземат.

Нагласувам дека единиците кои ги бранат овие градови ќе бидат снабдени со муниција и сè што е потребно навремено и во цел обем, напиша украинскиот претседател на Фејсбук по средбата со Генералштабот на вооружените сили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.