Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот официјален Фејсбук профил сподели видео од средбата со Шон Пен.
Актерот и режисер Шон Пен снима документарен филм за војната во Украина. Од првиот ден на целосната инвазија, тој беше во Киев и со свои очи виде што е руска агресија. Наскоро целиот свет ќе може да ja види целата вистина за војната благодарение на неговиот филм. Шон, ти благодарам што ја поддржуваш нашата држава и нашиот народ!, напиша Зеленски на видеото.
Пен се сретна со Зеленски во февруари, ден пред инвазијата и денот кога започна инвазијата.
Јасно беше дека сум во присуство на нешто… Тоа беше нешто ново за современиот свет во смисла на храброст, достоинство и љубов. Тоа беше извонреден момент. Начинот на кој ја обедини таа земја. Бев импресиониран и трогнат од тоа и преплашен од него и за Украина, рече актерот за украинскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.