Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава реагираше на веста за неколку експлозии низ земјата, велејќи дека Русите „се обидуваат да ја уништат“ Украина.
Ги уништуваат нашите луѓе кои спијат дома во Запорожје. Тие убиваат луѓе кои одат на работа во Днепар и Киев. Воздушната тревога не стивнува низ цела Украина. Тие се обидуваат да не уништат и да не избришат од лицето на земја“, рече Зеленски.
„Погодуваат проектили. За жал, има мртви и ранети. Ве молам, не ги напуштајте засолништата. Грижете се за себе и за вашите најблиски. Да се држиме и да бидеме силни“ порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.